Во недела нè очекува голем празник – Свети Архангел Михаил. Тоа е ден кога мора да му се обратите на ангелот-чувар, најстрогиот, но и најправедниот на светот, Архангел Михаил, водичот на небесните трупи.
Тоа е оној ангел што го победил Луцифер во борбата помеѓу доброто и злото, светлината и мракот.
Еве кога е најдоброто време да побарате среќа здравје и исполнување на желбите од Свети Архангел Михаил:
20 ноември – Утре обидете се да одбегнувате непријатни средби и места што не ги сакате. Од 14:12 па до 14:45 побарајте да ве заштити од злите луѓе, од негативни енергии и да ви подари мир и сила.
21 ноември – Задолжително одете во црква и запалете свеќа. Помолете му се на вашиот ангел. На овој ден, побарајте од ангелот да ви ја исполни вашата најдлабока и најважна желба. Отворете ги душата и срцето, споделете ја радоста и тагата и заблагодарете се на крајот. Небото прима молитви цел ден.
22 ноември – На овој ден побарајте од Архангел Михаил да ви помогне со проблемите на работа. Без разлика дали станува збор за желба за поголема плата, подобра позиција или за нова работа, замислете си ја оваа желба во периодот од 8:48 па до 9:32.
Постои предание според кое Архангел Михаил како награда од Бог добил можност два пати годишно да се спушта во пеколот и да ги ослободува душите на грешниците, давајќи им почивка во небесното царство.
Ова е ден кога морате да одите во црква, да побарате среќа и благосостојба, но и ден кога е пожелно да направите што повеќе добри дела. Одбегнувајте караници, гнев, негативност.
Пожелно е од Свети Архангел Михаил, па до 28 ноември кога почнува божиќниот пост, да им простите на вашите непријатели и да ја прочистите душата, подготвувајќи се за овој голем подвиг.