понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нека биде шарено: Како ни влијаат боите на психичкото и физичко здравје?

Нека биде шарено: Како ни влијаат боите на психичкото и физичко здравје?

Ние живееме во светот на боите и тие влијаат на нашата физичка и психичка состојба. Силата на влијанието на бојата врз различните луѓе е специфична и зависи од темпераментот, душевната состојба и возраста.

Теоријата на боите вели дека топлите бои приближуваат, а студените одалечуваат. Бојата може  да ве опушти, да го зголеми или намали нивото на енергија, да го неутрализира стресот, да ја смири болката, да возбуди и да ве смири.

Различните бои имаат и различен ефект. На пример црната, кафеавата и сивата боја со поврзуваат со негативни емоции, досада, монотонија, потиштеност, меланхолија, депресија и лошо расположение. Овие бои демотивираат. Човек се затвара и крие зад длабочината на овие мрачни бои.

Додека пак розовата боја има позитивно влијание на психата и душевната состојба и се поврзува со оптимизам и позитивни мисли. Вакви ефекти имаат и белата, црвената и жолтата боја.

На пример, кога човек е облечен во светли и шарени бои, неговото лице изгледа поинаку, од него зрачи свежина, топлина и позитивни емоции.

Ете зошто ние треба внимателно да ги избираме боите кои не заобиколуваат, во нашиот дом, на работното место, нашата гардероба и со тоа да внесеме мотивација, радост и среќа во својот живот.  Исто така е многу важно да сме често во допир со боите на природата, односно зелените гори и ливади, нежните бои на полското цвеќе, сината длабочина на морето, езерата и реките, сјајот на ѕвезденото небо…тоа е храна за очите и душата. Тоа ќе донесе душевна топлина и спокој.