среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Опасно е по живот: Родители, престанете да го правете ова кога вашето бебе е во количка!

Опасно е по живот: Родители, престанете да го правете ова кога вашето бебе е во количка!

Најголем дел од родителите „фрлаат“ тетра пелена или ќебенце над бебешката количка во лето за да го заштитат нивното малечко од силните сончеви зраци, без да знаат дека таа постапка може да биде опасна по животот на детето.

Дури и најтенката пелена ја спречува циркулацијата на воздухот и ја зголемува температурата во количката во опасни граници за бебињата, кои се многу почувствителни на топлина од поголемите деца и возрасните. Нивната телесна температура може да се зголеми 3-5 пати побрзо, што значи дека за нив е зголемен ризикот од топлотен удар, како и од Синдром на ненадејна смрт на новороденче (SIDS).

Според шведскиот педијатар Сванте Норгрен, покривањето на количката не ја намалува температурата во неа, туку ја зголемува и создава топлина како во фурна.

„Станува екстремно жешко во количката, нешто како термос. Исто така, има лоша циркулација на воздухот и тешко е да го набљудувате бебето со прекривка врз количката. Брзо станува неудобно и потенцијално опасно за детето“ – изјавил Сванте за весникот Svenska Dagbladet.

Поттикнати од тврдењето на Норгрен, од весникот спровеле експеримент во Шведска за да проверат колку жешко може да стане во количката на бебето. Тие оставиле количка на сонце во периодот меѓу 11.30 и 13.00 часот. Без прекривка, температурата во количката била 22⁰C.

Во следните 30 минути, тие ја покриле количката со тенка прекривка и температурата се зголемила на 34⁰C. А за еден час, температурата пораснала на 37⁰C.

Треба да се земе предвид дека температурите во Шведска се пониски од нашите.

Па, следниот пат кога ќе излегувате со вашето малечко во пролет или лето, можеби подобра варијанта е да поставите на количката чадор со УВ заштита, кој ќе му овозможи на воздухот да циркулира.

Доколку сепак решите да ја покриете количката, отворете го задниот дел, каде што се наоѓа главчето на бебенцето.

Експертите се едногласни дека во лето најдобро е бебињата и децата:

Да не излегуваат надвор во периодот од 10 до 17 часот;

Да бидат под сенка доколку температурите надвор се многу високи;

Да пијат повеќе течности, особено вода;

Да носат лесна облека во светли бои, а најдобро е таа да биде од памук;

Да носат капа и очила за сонце;

НИКОГАШ да не се оставаат сами во автомобил;

Редовно да се проверуваат за зголемена телесна температура.