четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Осумгодишно дете само го победи ракот: Лекарите на неговата мајка ѝ кажале дека не можат да помогнат, но таа не се предала

Осумгодишно дете само го победи ракот: Лекарите на неговата мајка ѝ кажале дека не можат да помогнат, но таа не се предала

Детето Џулија Маланковска успеал сам да оздрави од терминална фаза на рак и со тоа успеал да ги шокира лекарите.

На детето му била дијагностицирана леукемија кога имал само две години. Една година бил во болница, каде примал хемотерапија. Состојбата му се подобрила но после некое време ракот се вратил. Лекарите земале ДНК примерок од неговиот брат Леон, но за жал не бил компатибилен.

За среќа, пронашле друг донатор и околу Божиќ 2014 кога на Џулијан добил трансплантација на коскена срцевина. Но болеста повторно се вратила. Џулија во болница завршил во 2016 година затоа што му течело крв од носот.

Неговата мајка почнала да истражува и пронашла на интернет терапии со Т-ќелии кои се изведуваат во САД. Џулијан станало првото дете кое ја поминало истата терапија во Манчестер.

Иако на почетокот терапијата успеала, болеста повторно се вратила во 2017 година. Тогаш лекарите на неговите родители им рекле дека повеќе не можат да помогнат.

Престанале да му даваат терапии затоа што ракот беше во терминална фаза. Но мајката на детето, 30 годишната Анета не се предавала. Вели дека вовела посебна диета за Џулијан и му давала неконвенционални лекови.

-Комбинирав диета, магарешки трн, алкална вода и свеж сок, вели Анета, која е уверена дека тоа му помогнало на нејзиниот син. Лекарите останале зачудени и кажале дека ова еден од милијарда случаи.

Состојбата на Џулијан толку се подобрила што сега тој има поблаг вид на леукемија кој може да се излечи.

Детето моментално е во болница во Манчестер, каде повторно оди на хемотерапии, после кои лекарите ќе се обидат да му трансплантираат коскена срцевина.