среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие карактеристики децата ги наследуваат од своите татковци

Овие карактеристики децата ги наследуваат од своите татковци

Познато е дека децата се микс на двајцата родители, но и дека ако едниот родител е доминантен, тогаш детето ќе повлече доста особини баш од тој родител.

Научниците досега во многу наврати потврдија дека децата интелигенцијата ја наследуваат исклучиво од мајките, но што е она што го наследуваат исклучиво од татковците?

Листата од седум карактеристики кои ги наследуваме од таткото, гласи:

1. Ментални растројства: Меѓу оние кои мажите ги пренесуваат на своето потомство најчесто се ADHD и шизофренија.

2. Репродуктивно здравје: Истражувањата покажуваат дека лошиот квалитет на спермата може да биде наследна патологија. 

3. Срцеви болести: Научниците открија дека некои мажи може да пренесат неисправни хромозоми кои го покачуваат ризикот од хронични болести за 50%. Под одредени фактори, оваа особина ја наследуваат синовите.

4. Пол: Не е тајна дека машките гени се одговорни за полот на бебето.

5. Раст: Интересно е дека растот зависи од гените на таткото- колку што е таткото поголем, поголема е можноста наследниците да бидат високи.

6. Бојата на очите: Со оглед на тоа дека гените на таткото доминираат над гените на мајката, главните особини на лицето и бојата на очите на детето се веројатно исти како кај таткото.

7. Состојбата на забите: Мора да знаете дека машките гени се одговорни за структурата на вилицата, па затоа децата од таткото ја наследуваат густината на забите, белината итн.