сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие места сега се најсигурни за одмор

Овие места сега се најсигурни за одмор

Сите се надеваат дека ситуацијата со коронавирусот ќе се врати во нормала, па некои веќе и си планираат одмори. Но, секако треба да бидеме внимателни со одбирање на местото.

Според еuronews.com овие се најсигурни дестинации за одмор.

Островот Мадеира, Португалија

Ова е можеби најсигурната дестинација за да избегате на одмор од пандемијата. Тука било реагирано многу брзо за да го заштитат локалното население, така што забележани се помалце од 1.000 случаи  за цела година.

Монако

Позната и како „земја на богатите“ добро се снаоѓа со пандемијата и има релативно мал број на заразени. Плажа или казино, за што и да се одлучите овде дефинитивно ќе најдете нешто за себе.