Научно е докажано дека боите силно делуваат на човечката психа.
Како што дојде топлото време, голем број луѓе размислуваат за бојадисување и генерално преуредување на своите домови.
Доколку не сте љубител на класичните бели ѕидови и сакате да внесете позитивни вибрации во вашиот дом, размислете за следните бои.
Боја на ф’стаци
Бојата на ф’стаците е суптилна и нежна, а изгледа навистина елегантно и тренди. Го збогатува секој простор и визуелно го проширува. Покрај тоа, добро се комбинира со мебел од речиси сите бои.
Пастел портокалова
Инстант доза на позитивна енергија веднаш штом ќе влезете во собата. Оваа боја во голема мера ја проширува просторијата и ја прави да изгледа посветла. Експертите за внатрешен дизајн велат дека за одличен ефект доволно е да се обои само еден ѕид, а другите да бидат бели или потемни.
Светло тиркизна боја
Оваа боја има исклучително смирувачки ефект и не постои човек кој ќе се чувствува вознемирен во тиркизна соба. Внесува доза на свежина во куќата и симболизира среќа, слобода, мотивација и охрабрување. За најдобар ефект, искречете само два ѕида во една просторија.
Жолта
За многумина жолтата е асоцијација на смеа, радост и среќа. Навистина, оваа боја има таков ефект врз секој што ја гледа. Дополнително, како и сите светли бои, жолтата прави собата да изгледа поголема отколку што навистина е, а најдобар ефект ќе постигнете доколку жолтата ја ставите во просторија која има многу дневна светлина.