сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

По 30 години решена мистерија, татко успеал да ги пронајде двете ќерки

По 30 години решена мистерија, татко успеал да ги пронајде двете ќерки

Откако го фатила сопругот како изневерува, а поради тоа и ја претепал, Илејн Јејтс (74) решила да побегне со двете ќерки од Род Ајленд во Америка во 1985 година. Постарата ќерка Кимберли тогаш имала четири години, а Кели само десет месеци. Нивниот татко Расел ги барал повеќе од три децении.

Расел Јејтс никогаш не се откажал од потрагата по своите ќерки и после 31 година успеал да ги најде. Полицијата преку компјутерски програми направила фотографии од ќерките, односно како тие би можеле да изгледаат по 30 години. Врз основа на тие генерички фотографии објавени на социјалните мрежи, полицијата успеала да им влезе во трага. Откриле дека Илејн Јејтс живее под името Лијана Валдберг во Тексас.

Илејн била пронајдена во нејзиниот нов дом во Хјустон, 3.000 километри оддалечен од оној од кој побегнала. Ќерките во тоа време биле мажени и живееле со нивните нови семејства под псевдоними.

Жената била уапсена и чека екстрадиција од Тексас на Род Ајленд. Ќерките, независно од нивната мајка, биле сослушани во полиција и им бил даден телефонскиот број на нивниот татко. Не е познато дали дотогаш знаеле за нивниот претходен идентитет.

-Отсекогаш се трудев да ги најдам своите деца и конечно можам да контактирам со нив, рекол Расел и истакнал дека едвај чека да контактира со своите ќерки.

Расел не негирал дека ја претепал сопругата за време на расправија откако таа го фатила како ја изневерува. Тој додал дека бил лош сопруг, но дека е добар татко и дека ги барал своите ќерки повеќе од 30 години.