вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

По рецепт на јапонските убавици: Направете сами МАСКА ОД ОРИЗ – За мазна кожа (РЕЦЕПТ)

По рецепт на јапонските убавици: Направете сами МАСКА ОД ОРИЗ – За мазна кожа (РЕЦЕПТ)

Многу жени во светот се подготвени да потрошат голема сума пари за да можат подолго да ја одржат свежината и младоста на своето лице. Она што малку е познато е дека тајните на убавината се кријат во состојките кои секогаш ги имаме дома.

Оризот е продукт кој во Јапонија освен што се користи во исхраната, е значаен дел и од традиционалната козметика. Има исцелувачки својства, полн е со витамин Б кој ги обновува клетките, го намалува мастењето на кожата и ги смирува црвенилата.

Подготовка на јапонската маска за лице:

Потребни се 3 полни лажички ориз. Варете го додека не омекне, исцедете го од водата и тргнете го во посебен сад. Оставете ја и водата во друг сад. Измијте го сварениот ориз со ладна вода.

Додајте една лажица млеко и една мала лажичка мед (доколку сте алергични на медот, можете и без него). Измешајте убаво и нанесете ја маската на добро измиеното лице.

По половина час отстранете ја маската, исплакнете со течноста од сварениот ориз, а по неколку минути измијте со ладна вода.

Хранливите состојки од оризот го спречуваат појавувањето на таканаречените старечки пеги, а го поттикнуваат и природното создавање на колаген.

Оризовата вода можете да ја ставите во калапи за мраз и да ја смрзнете и трипати неделно да го масирате лицето со коцка „мраз“. Со редовно користење, ќе забележите дека важата кожа е затегната и еластична.