четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

ПОТВРДЕНО: Вежбањето ве прави посреќни од парите

ПОТВРДЕНО: Вежбањето ве прави посреќни од парите

Сега е и официјално: вежбањето може да ве направи посреќни од парите, покажале резултатите од неколку студии кои го испитувале односот меѓу среќата и вежбањето.

Доколку сте личност која не вежба, можеби причините кои ќе ги прочитате во продолжение ќе ве мотивираат.

Имено, истражувачите веруваат дека вежбањето може да ве усреќи како и зголемување на приходите за 25.000 долари.

Истражувачите од Јејл и Оксфорд анкетирале околу 1,2 милиони Американци за тоа каква е нивната дневна рутина кога се работи за вежбањето, а од друга страна собирале податоци за нивните примања, брачен статус и здравствена историја. Ова им помогнало да најдат директна поврзаност меѓу среќата и телесната активност.

Според резултатите луѓето кои вежбаат имаал 43 проценти поквалитетна психичка состојба во однос на оние кои не се занимаваат со вежбање. Истражувачите откриле дека всушност телесната активност ги навела испитаници да го проценатс воето ментално здравје на сличен начин како и луѓето кои заработиле 25.000 долари повеќе од нив.

Од оваа студија било утврдено и дека премногу вежбање исто така може да биде контрапродуктивно за менталното здравје. За да бидете среќни не мора да вежбате постојано. Најдобрите резултати се покажале кај луѓето кои биле физички активни меѓу 30 и 60 минути пет пат неделно.