вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Прекрасен текст за понежниот пол: Кога имаш силна мајка…

Прекрасен текст за понежниот пол: Кога имаш силна мајка…

Кога имаш силна мајка, се учиш да бидеш независна. Се учиш да го зборуваш тоа што го мислиш. Се учиш да делуваш самостојно. Учиш да се грижиш за себе си и за неа, бидејќи сакаш да се гордее со тебе.

Кога имаш силна мајка се почитуваш себе си, не дозволуваш на никого да зборува лошо за тебе. Не дозволуваш да се однесуваат кон тебе како кон тело, туку како кон човек. Сакаш да се однесуваат кон тебе со почит.

Кога имаш силна мајка, знаеш каква треба да биде љубовта. Знаеш какви треба да бидат односите во семејството. Знаеш што е правилно, а што не, со кои луѓе да бидеш близок, а со кои на растојание.

Кога имаш силна мајка, не се предаваш никогаш. Стануваш после паѓање  и пробуваш повторно. Никогаш не го примаш неуспехот како опција. Продолжуваш да се обидуваш додека не го добиеш тоа што го сакаш.

Кога имаш силна мајка, никогаш не забораваш колку вредиш. Не дозволуваш некој да те користи, бидејќи мајка ти не дозволила така. Имаш високи стандарди бидејќи знаеш дека заслужуваш нешто посебно.

Кога имаш силна мајка, го имаш најдобриот пријател за цел живот. Имаш некој со кого можеш да разговараш на секоја тема. Имаш некој кој може да ти помогне да решиш секој проблем. Имаш некој кој е тука секогаш за тебе.

Кога имаш силна мајка, ти самата стануваш силна жена.