понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Приказна која ќе ве насмее и замисли: Чувајте се од жена која чита книги!

Приказна која ќе ве насмее и замисли: Чувајте се од жена која чита книги!

Маж и жена отишле на одмор на убаво езеро, меѓу останатото познато како место за риболов. Мажот одел на риболов во раните зори, а неговата жена тогаш на мир да читала книги.

Едно утро, мажот после неколку часа се вратил и одлучил малку да поспие, а сопругата одлучила сама со чамецот да оди на езеро. Го запалила моторот на чамецот и отишла на осамено место, го фрлила сидрото, ја извала книгата и продолжила да ужива во тишина, читајќи ја својата книга.

За брзо време риболовниот инспектор ѝ се приближил со неговиот чамец, и ѝ рекол:

„Добро утро госпоѓо. Што правите?“

„Читам книга, одговорила таа“.

„Вие сте на делот на езерото резервирано за спортски риболов“.

„Жал ми е господине, но јас не ловам риба. Јас само седам и читам книга“.

„Да, но во чамецот го имате приборот потребен за ловење и што се однесува до мене, би можеле со ловење риба да започнете секој момент. Ќе мора да ве однесам со себе до станица и против вас да поднесам пријава“, ѝ рекол тој.

„Ако вие го направите тоа, тогаш да знаете дека и јас против вас ќе поднесам пријава, но поради силување“, му рекла таа.

„Но, јас не ве ни допрев!“, извикал тој.

„Да, но вие го имате потребниот прибор и што се однесува до мене, би можеле секој момент да го направите тоа“, му рекла таа.

„Догледање госпоѓо и уживајте во овој ден…“

Поука:

Не навлегувај во расправија со жена која чита. Голема е веројатноста таа да знае и многу да мисли.