Освен што загубила многу килограми, постојано чувствувала студ и имала проблеми со спиењето.
По цели две години барање на причината за овие проблеми, конечно дознала од што боледува. Операцијата го спаси нејзиниот живот, но остави голема последица.
Кога Британката Керис Хед за една година загубила 50 килограми, докторите мислеле дека станува збор за пореметување во исхраната. Таа сепак имала чувство дека проблемот е поголем и дека нешто не е во ред.
Се докажа дека била во право затоа што по 24 месеци ја добила вистинската дијагноза.
-Цел живот се хранам здраво дури и пред да одлучам дека треба да ослабам. Но кога почнав драстично да губам килограми, тоа беше шок за мене и не знаев што се случува, рече Керис и додаде дека сите забележале дека нешто не е во ред, па се загрижиле за нејзиното здравје.
Професорите во училиштети зборувале дека забележуваат голем проблем.
Дури ниту нејзината мајка не можела да сфати што се случува, па постојано ја прашувала „Ќерко, како се чувствуваш, дали си добра“?
-Одговарав дека сум добра, но чувствував огромен замор. Сепак тоа го препишував на напорниот ден во училиште и тестовите. Но, постојано ми беше ладно, се тресев од студ и тоа ме будеше многу пати навечер, вели таа.
Кога побарала лекарска помош, дел од симпромите докторите ги занемариле како неважни, па ја советувале повеќе да јаде и потопло да се облекува, да спие и да пие многу вода.
Сепак, состојбата не одела кон подобро. Среде пролет неа и било многу студено, престанала да излегува и само седела во нејзината соба, покриена за да се стопли. Спиела преку ден, навечер не.
Ниту на систематскиот преглед на факултет не било откриено дека нешто не е во ред.
Еден ден кога се разбудила, забележала дека на вратот има израсток голем колку голф топче. Израстокот ја менувал формата и големината. Тогаш таа побарала помош од специјалист.
Дојде страшната дијагноза. Керис имала редок вид на рак на штитната жлезда. По конечната дијагноза, таа имаше две операции. Иако како последица на тоа денес има огромна лузна на вратот, таа вели дека сега се чувствува добро.
-Се чувствував како да ме прегазиле неколку возови. Ништо не можев да правам нормално, си го сакав назад својот нормален живот. Сега сум посилна, имам самодоверба и подготвена сум за животните предизвици, истакна таа за Miror.co.uk.