Луиса Фернанд од Колумбија се разболела откако нејзината нова тетоважа се инфицирала. Докторите ѝ рекле дека никогаш повеќе нема да може да оди, бидејќи инфекцијата се проширила на нејзиниот ‘рбетен мозок.
„Морав да поминам низ операцијата која бараше од мене да се извади некаква заразна течност. Пиев многу лекови. Имав спонтан абортус и го загубив синот кој го носев“, рекла Луиса.
После тоа, несреќната девојка морала да почне со нова терапија, да се избори со депресијата, поради загубата на бебето.
Таа на социјалните мрежи често зборува за нејзиното искуство, со цел да ги предупреди другите од опасноста од тетовирањето.
Пред една година, само една мала тетоважа ме донесе до оваа состојба – да не можам да застанам на своите нозе“, рекла таа.