Научниците дадоа одговор на вечното прашање дали да се оди во кревет со или без чорапи.
Верувале или не, носењето чорапи одлучува за тоа како ќе спиете.
Научиците од „Лабораторијата за спиење“ во Базел откриле дека луѓето кои во чорапи одат во кревет – побрзо и полесно заспиваат од оние со боси нозе!
Научниците истражувале како дејствува температурата на дланките и стапалата на спиењето на луѓето.
Резултат: кога треба да заспиете помага топлината! Крвните зрнца, кога е топло, се рашируваат, а тоа предизвикува пад на телесната температура и крвниот притисок.
На телото тоа му сигнализира да се опушти и овозможува човекот полесно да заспие.