11-годишните Меган и Софи Вокер од Единбург се неразделни еднојајчани близначки кои една на друга си ги завршуваат решениците, имаат ист вкус за се и добиваат исти оцени на училиште. Буквално функционираат како едно.
Кога една од сестрите се разболела, на нивните родители им се срушил целиот свет.
Се било толку чудно и неверојатно бидејќи на почетокот едната сестра имала симптоми, а подоцна другата сестра се разболела.
Во моментите кога Меган почнала да чувствува здравствени потешкотии, се жалела дека чувствува изнемоштеност и мачнина, а Софи била добро. После многубројни прегледи во болницата, кај Меган не е утврдена никаква болест.
Меѓутоа Софи наеднаш почнала да се чувствува лошо, а резултатите од испитувањата биле навистина лоши. Тие покажувале дека има рак кој е поврзан со симптомите кои се покажале кај Меган.
Двете девојчиња од 40 килограми, ослабнале на 35.
-Тоа беше страшно. Немаше индикации дека нешто не е во ред со Софи. Хелен Туриер од Здружението за близнаци рече дека еднојајчаните близнаци понекогаш може да покажуваат симптоми на болеста која го погодила другиот. Бевме загрижени за Меган. Беше бледа и исушена, воопшто не изгледаше добро, кажала мајката
Потоа Вилмсов тумор е пронајден кај Софи.
Софи се плашела од губење на својата долга коса, но нејзината сестра Меган ја поддржувала дури сакала и таа да се ишиша за да изгледа како сестра и. Мајката тоа не го одобрила бидејќи сакала Меган да потсетува на тоа како некогаш Софи изгледала и како ќе изгледа повторно кога ќе оздрави.
Во декември на Софи и е отстранет туморот заедно со нејзиниот лев бубрег. Таа прима хемотерапија која ќе трае до летово. Постојат добри можности да оздрави бидејќи овој третман е успешен кај 85% од случаите. Во меѓувреме Меган поминува низ психотерапија за да може подобро да ја поднесе ситуацијата.
Софи ја има поддршката од Меган како и од своите седум други браќа и сестри, Џејмс, Емили, Луси, Даниел, Овилија, Ел и Нејтан.
-Меган сега сака да биде со Софи повеќе од било кога. Незнам како би издржала без неа, кажува мајката Ребека.