четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

СЛЕП ПЕНЗИОНЕР САМ СИ ИЗГРАДИЛ КУЌА: Кучето му бил единствен помошник, а имало и такви кои го злоупотребиле

СЛЕП ПЕНЗИОНЕР САМ СИ ИЗГРАДИЛ КУЌА: Кучето му бил единствен помошник, а имало и такви кои го злоупотребиле

Русинот Владимир Крисанов, слеп пензионер од селото Зарицки во областа Разан, решил да изгради нова куќа со своето куче Дик, затоа што неговата стара куќа се распаднала.

-Кучето е навигатор со четири нозе. Без него ништо не би било можно, вели тој.

Изградбата започнала во 2010-та година и Владимир само сакал да ја надогради летната тераса, меѓутоа, кога куќата почнала да се распаѓа, тој се соочил со нови маки.

Собирал дрва и штици, а во својата работа се потпирал само на чувството за допир.

Кој слушнал што прави, рекол дека станува збор за невозможна мисија, сепак, Владимир би им одговорил: „Куќата стои“.

За жал, имало и такви кои сакале да му наштетат, па една компанија за инсталација на прозорци го измамила за 25.000 рубли (околу 350 евра), но за среќа, се појавиле луѓе со добра волја.

Друга компанија инсталира двојни застаклени прозорци на нивна сметка.

Зборувајќи за квалитетот на неговата конструкција, Русинот вели: „Па, мајка ми живее со мене две години и не се жали“, пренел Life.ru.