Маскарата дефинитивно е еден од најкористените производи во шминкањето кај жените, но неретко знае да предизвика и проблеми.
Иако со голема прецизност и внимание е нанесена, често се случува да се размачка под или над очите.
Еден едноставен трик ќе ви помогне да ги избегнете таквите ситуации.
Откако ќе ја нанесете маскарата на трепките, на врвовите со четкичка за маската поминете со провиден гел за веѓи. Ова на трепките ќе им даде дополнителен сјај и ќе ги „затвори“.
Поради текстурата на производите за веѓи, трепките дополнително е се свикаат нагоре со што ќе добиете дополнителен префинет изглед.