Сара Смал е ѕвезда на хокеј на мраз во Канада, а јавноста посебно се заинтересира за неа откако објави една фотографија на социјалните мрежи.
Сaра пред 8 недели ја роди ќеркичката Ели, но се врати на мразот.
За да не трпи бебето, Сара во полувремето од натпреварот ја доеше Ели.
Таа фотографија е споделена на Фејсбук, а хокеарката напиша:
„Бев во страв при објавувањето на оваа фотографија, која апсолутно ја обожавам. Зошто? Затоа што општеството од градите направи сексуален објект. Дури откако ја објавив сликата сфатив дека ова е нешто од што не треба да се срамиме, туку да бидеме горди“.