четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ви требаат две состојки и две минути: Со оваа маска ќе ги “избркате“ подочниците

Ви требаат две состојки и две минути: Со оваа маска ќе ги “избркате“ подочниците

Темни и отечени кругови под очите дефинитивно не се нешто што сакате да го видите кога наутро се гледате во огледалото.

Сепак, понекогаш е невозможно да ја спречите нивната појава. Ако сте спиеле малку, сте биле под стрес, се борите со хормонални промени, тие се неминовни.

За среќа, за тоа постои лек.

Направете маска од кафе и белки од јајца и гледајте како подочниците стануваат побледи и помали.

Доволно е да измешате една белка од јајце и две лажички кафе. Мешајте ги околу една минута, а потоа со чисти прсти нанесете на темната област. Кога маската ќе почне да се стега, а тоа ќе го почувствувате после десетина минути, извадете ја и исплакнете го лицето.

Кофеинот ќе ги намали крвните садови, ќе ја стимулира циркулацијата на крвта и кислородот и бидејќи има антиинфламаторно дејство, ќе го смири воспалението. А во комбинација со витамини и протеини, овие корисни ефекти ќе бидат засилени.