сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Во сабота е задушница, секогаш е една недела пред овој голем празник – голем грев е ако го направите ова на гробот

Во сабота е задушница, секогаш е една недела пред овој голем празник – голем грев е ако го направите ова на гробот

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Задушница во знак на сеќавање на оние кои не напуштиле.

Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за душите на оние кои не се помеѓу нас.

Задушница е секогаш во сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва. На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат вечните домови каде со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен.

На Задушница верниците даваат милостина на сиромашните во име на оние кои не напуштиле. Се верува дека е голем грев ако на Задушница некој на некој вечен дом одбие да земе храна или пак избрка туѓинец од истиот.

Оваа Задушница секогаш е во сабота и е една недела пред Прочка, која секогаш се паѓа во недела.

Седмицата пред Прочка се вика Месопосна недела. Овој период од седум дена до Прочка се нарекува и Сирна недела поради тоа што не се јаде месо туку се јадат млечни производи. Од понеделникот по Прочка започнуваат големите, долги седум недели, Велигденски пости што траат до Воскресенито Христово – Велигден.