петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

За среќен брак, најважно е да биде среќна жената

За среќен брак, најважно е да биде среќна жената

Експертите додаваат и дека мажите повеќе „добиваат“ од бракот во споредба со жените.

Тајната на среќниот брак е тема на која постојано се размислува, но и се истражува.

Машко-женските односи во бракот како заедница се предмет на една интересна студија чиј заклучок е дека колку е жената позадоволна од заедницата во која живее, толку е мажот посреќен. Поедноставно кажано, поважно е жената да биде среќна во бракот, бидејќи нејзината среќа ја поттикнува среќата на мажот.

Научниците велат дека ваквиот заклучок се заснова на женската психологија. Имено, ако бракот е среќен и успешен, жената ќе прави сѐ повеќе и повеќе за својот партнер и за заедницата, што позитивно ќе се одрази на квалитетот на животот на мажот.

Во студијата биле испитувани 394 двојки кои во просек биле во брак 39 години. Генерално, своето задоволство го оцениле со 5 на скала од 1 до 6, што е прилично висока оцена.

Она што е уште поинтересно е што мажите повисоко го оценувале бракот во споредба со нивните сопруги, па експертите заклучиле дека ако е жената среќна, мажот е уште посреќен.

Студијата покажа и дека жените стануваат помалк среќни ако нивниот партнер се разболи, а нивото на среќа кај мажите не се менува ако се разболи жената.

Објаснувањето е едноставно: жената секогаш се грижи за мажот кога му е лошо, што за дамите е многу стресно, но сѐ издржуваат „на нога“. Од друга страна, кога ќе се разболи жената, таа намногу се потпира на ќерката (ако ја има), за да не му го приреди на мажот оној стрес кој нејзе ѝ е познат.

Професор Пил Долан во неговата книга „Среќни до крајот на животот: Одбегнете го митот за совршенство“ исто така вели дека мажите повеќе „добиваат“ во бракот во споредба со жените.

„Жените во брак живеат пократко поради брачниот стрес, додека мажите во брак живеат подолго“, вели Долан, повикувајќи се на официјални статистички податоци.

Експертите велат дека за доброто на двајцата брачни партнери треба да се сфатат и земат предвид потребите на другиот и постојаното да се покажува љубов и грижа за партнерот, односно партнерката.

Заклучокот на студијата е дека среќата на мажот нема исто влијание врз квалитетот на бракот како среќата на жената, додека недостигот на среќа кај жената може да биде деструктивен за бракот.

Затоа, правилото за долга и успешна заедница меѓу маж и жена би гласело: „Среќна жена, среќен брак!“