При изборот на бојата на облеката најчесто се потпираме на омилените нијанси и трендови кои најмногу ни одговараат, но сите се согласуваат дека е добро одвреме-навреме да експериментираме и да излеземе од комфорната зона.
Ви претставуваме моден водич која боја е во аут во 2022 година и која ќе ги замени:
Виолетова наместо темно сина
Пантоне веќе објави дека: бојата на 2022 година е Very Perry, прекрасна светло сина боја проткаена со нежна виолетова нијанса. Затоа, не е ни чудо што оваа боја полна со надеж е апсолутно присутна и во претстојната модна сезона и ја заменува темно сината.
Сите нијанси на розова, наместо тревна зелена
Ако 2021 година беше година обележана со зелена боја, оваа година сè ќе биде во розова боја – од нежно пудра розова до богата фуксија. Розовата е шик, елегантна и кул во исто време. И не грижете се: сепак ќе гледаме многу зелено и понатаму.
Нежно жолто наместо неонско жолто
Нежниот, путер тон изгледа особено лежерно во комбинација со сина и бела – на пример со фармерки и маичка – и станува совршена комбинација на облека за топлите денови.