Зад секој успешен маж стои неговата партнерка и обратно – и тоа е дури и научно докажано.
Веројатно длабоко во себе го знаете тоа, вашиот партнер може да има значајна улога врз вашиот успех, а важи и обратното.
Имено, студијата спроведена на Универзитетот Карнеги Мелон потврди дека мажите и жените кои крај себе имаат партнери коишто им даваат поддршка во сè, имаат поголеми шанси за успех.
Во експериментот учестуваа 163 парови, а научниците го анализираа начинот на кој луѓето комуницираат со своите партнери пред да донесат важна одлука.
Резултатите од истражувањето се познати. Испитаниците постигнале успех кога добиле совет и поддршка од нивниот партнер и разговарале за проблемот со кој треба да се соочат.
Тие тврдат дека совесноста, љубовта и поддршката се клучни за успехот на другиот партнер.