71-годишната скромна жена од кинеската провинција Шанжи последните четири децении од својот живот ги посвети на усвојување и чување деца без родители.
Иако и самата немала големи примања, Конг Женлан не можела да минува секој ден покрај сиропиталиштето и да ги гледа малите деца како растат во ужасни услови.
Еден ден застанала и зела едно од децата во раце и решила дека треба нешто да преземе. Скромната жена почнала да посвојува напуштени деца и да ги чува како свои, грижејќи се да имаат храна и образование.
За 47 години посвоила 44 деца, од кои некои станале и доктори и адвокати. Нејзиното најстаро посвоено дете има речиси 50 години, а најмладото само девет месеци.
Денеска и помагаат постарите деца за да ги чува помалите, така што дел од платите и ги донираат за да има услови за чување на малите деца. Таа за себе признава дека се хранела и од контејнери, за да имаат децата просо и млеко секој ден.
Спие многу малку , а главна цел и е сите деца да се образуваат.
„Од најмала возраст ги поттикнував за да учат и да внимаваат на часовите. Им велам дека нивна должност е да учат и дека само тоа е шансата да направат нешто за себе”.