четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Зошто сѐ почесто жените влегуваат во врски со помлади мажи?

Зошто сѐ почесто жените влегуваат во врски со помлади мажи?

Во шоубизнисот и политиката, но и меѓу „обичните луѓе“ сѐ почесто гледаме врски во кои мажот е помладиот партнер, во некои случаи значително помлад.

Ваквите врски што некогаш беа табу, денес стануваат поприфатени, и од средината, но и од самите жени кои веќе не гледаат на врската со помлад маж како нешто што треба да се крие или да биде привремена забава, туку партнерство со кое гордо се носат.

Ако вие сте една од тие жени, знаете дека врската со помлад маж (дури и значително помлад маж) може да биде многу добро за вас. Најважно е да знаете што сакате од животот и да бидете искрени за вашите чувства. Но, нели е тоа основата на секоја здрава врска, најпрво со себе.

Ова се предностите на врска со помлад маж:

Еднаквост

Мажите од помладата генерација денес се поинаку воспитувани и еднаквоста меѓу мажот и жената, во врската и во животот, за нив е стандардот, а не исклучокот. Тие гледаат на финансиската независност слично како жените и се горди што не се издржувани и што знаат да се грижат за себе бидејќи ја ценат индивидуалноста. Двајцата плаќате по пола за сметката и никој никому не должи ништо.

Помалку емотивен багаж

Кога имате помалку багаж до минатото е многу полесно да гледате во иднината. Можеби не ви звучи фер на прв поглед, но да бидеме реални – тоа што немал повеќе врски и ситуации во кој му било скршено срцето го прави многу попривлечен и посигурен.

Одлично изгледаат

Уште еден момент за искреност и реалност – младите мажи изгледаат одлично, се грижат за своето тело и изглед и се физички попривлечни и поиздржливи. Тоа не гарантира одличен секс, ама сигурно помага. Исто така, тоа ве инспирира и вие да изгледате најдобро што можете!

Сериозната врска не е исклучена како опција

Ако разликата во години е многу голема, најверојатно сценарио е дека ќе поминете одреден период заедно и ќе ви биде прекрасно и потоа вашите патишта ќе се раздвојат. Но, тоа не значи дека не може да функционирате долгорочно, сѐ зависи од вашиот животен стил и животни очекувања.

Да, кога сте во „најубавото“ не мислите дека евентуално ќе заврши. За ваше и за негово добро, искрено разговарајте за вашите планови. Ако сакате наскоро да се омажите или да имате деца, а тој се чувствува дека не му е време, не се залажувајте. Но, можеби ќе добиете одговор што не сте го очекувале, затоа – бидете искрени и тоа што порано тоа подобро.