четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

23 години помладата сопруга на Борис Џонсон повторно бремена – нема да поверувате кое дете по ред му е на поранешниот премиер на Британија

23 години помладата сопруга на Борис Џонсон повторно бремена – нема да поверувате кое дете по ред му е на поранешниот премиер на Британија

Кери Џонсон, сопругата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон, на својот Инстаграм профил откри дека двајцата го очекуваат своето трето дете.

Двојката до сега ја криеше среќната вест од јавноста, а Кери во објава откри дека третото бебе доаѓа следниот месец.

На првата фотографија Кери позираше со синот Вилф (3) и ќерката Роми (1), додека на втората го покажува трудничкиот стомак допрен од детска рака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carrie Johnson (@carrielbjohnson)

„Последниве осум месеци бев прилично исцрпена, но едвај чекаме да го запознаеме ова бебе. Вилф е возбуден што повторно ќе биде поголем брат и постојано зборува за тоа. Мислам дека Роми нема идеја што се ќе ја очекува. Таа ќе дознае наскоро“, напиша Кери (35) покрај објавата.

Иако ова е трето дете на Кери, за поранешниот британски премиер ова е осмо. За прв пат се оженил во 1987 година, на 23-годишна возраст, со Алегра Мостин-Овен, која ја запознал додека бил студент на Оксфорд. Нивниот брак беше поништен во 1993 година, откако се дозна дека Џонсон имал афера со пријателката од детството Марина Вилер.

Тој штотуку се ожени со Марина во 1993 година и се разведе во 2018 година. Тие имаат две ќерки Лара Летис и Касија Пичис и два сина, Мила Артур и Теодор Аполо. Премиерот има дете и со советничката за уметност Хелен Мекинтајр.