Уште еден срам од Владата на Зоран Заев на меѓународна сцена. Зоран Заев е опоменат од Стејт Департментот на САД. Владата на Зоран Заев гонела новинари затоа што објавиле доверливи податоци за скандалот Рекет и за други случаи. Прогонот на неистомислениците се однесува на случаи каде е откриено дека високи функционери на владејачката партија СДСМ се вмешани во скандалот Рекет и во изнудувањето пари, изјави на денешната прес конференција, Стефан Андоновски член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Понатаму, овие новинари зборуваа за партиско-политички пресметки кај вработен во МВР кој не беше примен на работа во АНБ затоа што неговиот татко е поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ се опоменати дека работат како шалтери за придобивки. Партиските членови на СДСМ ги прескокнуваат образовните и професионалните законски пропишани критериуми за позициите во јавната администрација. И очекувано е дека САД забележува и дека државни службеници од власта се дел од коруптивни активности, вели тој.
– И покрај лажните пи-ар заложби на Заев и Маричиќ за реформи во судството, Стејт Департментот вели, цитирам: Пoстојат примери на погрешно судиско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста, посочи Андоновски.
Тој додаде дека ова претставува голем удар за кредибилитетот на Македонија во меѓународни рамки.
– Кога ваков став за вас има нашиот стратешки партнер, сите лаги и манипулации на власта дека блескаме, паѓаат во вода. Затоа е време за промени. Време е Македонија да стане кредибилен и почитуван партнер, и пример во регионот, дециден е Андоновски.