недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Англиската федерација ја излажа јавноста, Вајт го напушти СП поради конфликт?

Англиската федерација ја излажа јавноста, Вајт го напушти СП поради конфликт?

Бен Вајт на последниот ден од ноември го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Англија, а со соопштение се огласи и фудбалската федерација на оваа земја.

Вајт поради повреда го пропушти воведниот натпревар на „Гордиот Албион“ против Иран, не играше против Соединетите Американски Држави и Велс, а потоа се врати во татковината. Од англиската федерација соопштија дека заминувањето е од приватни причини и побараа да се почитува приватноста на фудбалерите, но тоа очигледно е далеку од вистината.

„Бен Вајт ја напушти англиската тренинг база во Ал Вакра и се врати дома во Англија. Причината е од приватна природа. Фудбалерот на Арсенал нема да се врати во Катар и нема да биде во составот до крајот на Светското првенство. Бараме во овој момент да се почитува приватноста на играчите“, тогаш соопшти Фудбалската асоцијација на Англија.

Сепак, тамошните медиуми пишуваат дека вистинската причина за заминувањето на Вајт од Катар е конфликт со помошниот тренер на Герет Саутгејт. Наводно, Вајт влегол во клинч со Стив Холанд на тренинг.

На крајот, одлуката била дека Бен Вајт може да се врати во Арсенал, и дека повеќе нема потреба да биде член на тимот за време на Светското првенство. Очигледно е дека англиските репрезентативци тоа не го доживеаја како претеран проблем, со оглед на тоа што лесно се пласираа до четвртфиналето, во кое ќе се сретнат со Франција.