Дополнителните приходи на обвинителите од работењето во СЈО ќе се најдат под лупа на Државната комисија за спречување на корупцијата. Од таму велат дека ги следат информациите со исплатата на бонусите кои ги добивале обвинителите, но велат дека засега нема да се оформи предмет.
-Членовите на антикорупциската комисија првин на колегиум ќе го анализираат случајот. Со оглед дека и други институции најавиа истрага за сумите кои СЈО ги исплаќало на обвинителите, ќе почекаме да ги видиме резултатите од тие истраги па дури потоа ќе одлучиме дали комисијата ќе отвори предмет. И во тој случај, ние ќе бараме информации од институциите кои се надлежни за финансиското работење, како што се Управата за финансова полиција и Државниот завод за ревизија, велат од антикорупциска.
Државниот обвинител Љубомир Јовески најави дека ќе се истражува дали додатоците на плата во СЈО биле исплаќани законски.