четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Артур Мело позајмен на Ливерпул

Артур Мело позајмен на Ливерпул

Премиерлигашот Ливерпул го договори на едногодишна позајмица во своите редови бразилскиот игр а за врска Артур Мело од Јувентус, објави англискиот клуб еден час пред истекот на летниот преоден рок.

Јувентус, од своја страна,соопшти дека Ливерпул има опција да го откупи договорот со Артур за 37.5 милиони евра.

– Многу разговаравме и нашите идеи и визии добро се вклопија, па затоа сум сигурен дека тоа е вистинскиот избор, изјави 26-годишниот Артур, кој одигра 63 натпревари за Јувентус откако дојде во клубот од Торино од Барселона во 2020 година.

Барселона тогаш го продаде бразилскиот фудбалер на Јувентус за 72 милиони евра.