Би-Би-Си денеска соопшти укинува 450 работни места во својата филијала во Англија со цел да ги намали трошоците и да ги преструктуира своите локални редакции.
Според главниот британски синдикат на новинари, овие намалувања на вработените ќе имаат сериозно влијание врз покривањето на локалните вести.
Укинувањето на 450 места од вкупно 3.000 во филијалата на Би-Би-Си во Англија ќе доведе до заштеда од 25 милиони фунти до крајот на март 2022 година.
Во јуни, Би-Би-Си соопшти дека укинува 150 работни места во Шкотска, Велс и Северна Ирска, со што вкупниот број достигна 600 укинати работни места.
Според планираното преструктуирање, мрежата на локалните радиостаници и регионалната телевизија на филијалата на Би-Би-Си во Англија ќе претрпат значителни промени.