четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Битката продолжува, Македонија со два гола позитива на полувреме со Чесите

Битката продолжува, Македонија со два гола позитива на полувреме со Чесите

Ракометната репрезентација на Македонија е поблиску до пласман на Светското првенство во Шведска и Полска, откако по првите 30 минути во Скопје нашите избраници имаат позитива од два гола против Чешка (14-12), во последнот натпревар од баражот за следниот планетарен собир.

Нашиот селектор направи една измена во својот состав во однос на натпреварот во Злин. На местото на Митев шанса за докажување доби членот на Охрид, Младеновиќ, додека на спротивната страна една промена направи и Хавиер Сабате. Во тимот се најде Леос Петровски, а од комбинација отпадна Даниел Режнички.

Лазаров повторно остана на клупата за резерви и не направи ниту една замена во почетниот состав од дуелот во Злин, а Мрвка одличната форма од првиот меч ја потврди и во Скопје и со неколку одбрани во серија не дозволи ран домашен налет. Но, одличниот чешки голман доби идентичен одговор од колегата на спротивната страна.

Митревски исто така блесна на голот и беше еден вид на корекција за грешките во нападот, а откако нашите ракометари се ослободија од почетниот притисок следуваше позитивна серија е еуфорија на трибините. Петар Атанасијевиќ со својот деби погодок донесе прво водство за Македонја, а потоа погодија Пешевски и Талески и нашата селекција за првпат се искачи на позитива од три гола (7-4).

Лазаров го замени Јагуриновски и веднаш забележа асистенција и погодок, а откако Кузмановски доби две минути исклучување, во игра влезе Миркуловски, кој во свој стил одговори со гол за 10-8, на десет минути до крајот на првиот дел. Во продолжение „пензионерите“ одново погодија и им дадоа ветар во грб на помладите, но гостинот искусно го сопре тоа и на полувреме замина со само два гола негатива.

Кузмановски и Талески со по три гола се најпрецизните во нашиот табор, а по два постигнаа Лазаров, Миркуловски и Пешевски.