Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната Ковид болница во Тетово.
– Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово. Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените. Моите мисли се со вас и со сите во Тетово погодени од оваа трагедија, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.