недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Давид Луиз заминува од Челзи

Давид Луиз заминува од Челзи

Дефанзивецот на Челзи, Давид Луиз, ќе го напушти тимот идното лето, објавија англиските медиуми.

Причината за заминување на Луиз е политиката на клубот да не потпишува договори подолги од една година со играчи кои наполниле 30 години.

Главниот тренер на Челзи, Маурицио Сурри, се обиде да го убеди клубот да ја промени стратегијата и да го задржи Луиз, но менаџментот не се согласи.

Оваа сезона, Луиз одигра 21 натпревар за „сините“ од Лондон и постигна еден гол.

МИА