четврток, 11. јануари 2024. Вести денес: 0
home Македонија

Дневен хороскоп – овој знак време е да му се посвети на партнерот по долгото игнорирање, а еве што ги очекува родените во месец април

Дневен хороскоп – овој знак време е да му се посвети на партнерот по долгото игнорирање, а еве што ги очекува родените во месец април

Овен

На почетокот нешто не било по ваша волја, а потоа кога работите тргнаа онака како што сакате, сте изгубиле интерес. Се соочувате со луѓе на кои не им е јасно вашето променливо расположение, не знаат како да ви угодат. Бидете фер и уважете ги туѓите потреби.

Бик

Мечтаете и полни сте со идеи. Доброто расположение, можеби, на кратко, да ви го расипе необичен телефонски повик кој не го очекувате. Вестите кои ќе ги чуете ќе бидат чудни, а вам не ви преостанува ништо друго освен да го сослушате и брзо да го заборавите.

Близнаци

Поволен ден за истражување и учење. Извесно е дека ќе добиете понуда да се приклучите на некоја хуманитарна организација, каде што во целост ќе ја искажете вашата комуникативност и убедливост, која за таа работа е драгоцена.

Рак

Поради нагласени промени на расположението, засилено сте чувствителни што може „тенката“ љубовна врска да ја доведе до искушение. Во дното на срцето и натаму чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на пропадната голема љубов ви ја ремети нова.

Лав

Денот е одбележан со напнати трансфери кои наговестуваат стресни ситуации од кои нема да може да излезете. Сведете ја својата нетрпеливост на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање партнерските односи.

Девица

Имате шанса да научите како од секое лошо доаѓа нешто добро. Проблемот на вашата моментална ситуација е недостаток на поддршка на која сте сметале. Можеби е вистински момент да размислете што сакате, дали да ве фалат или да ве критикуваат.

Вага

Соочени сте со дисбаланс помеѓу она кое рационално го знаете и она што интиутивно го чувствувате. Се двоумите, луцидно сте донеле важна одлука само на основ на чувства, без тоа да го докажете. Не се правдајте никому, вашиот суд е непогрешлив.

Шкорпија

Не сте сигурни каде одите понатаму, се што знаете е дека ви треба промена. Услови за патување немате, а тоа е она што во моментов ви помага. Немојте да паѓате во мрачните расположенија, работите се одвиваат онака како што треба, наскоро ќе знаете што треба да правите.

Стрелец

Соочени сте со понуда која, колку што ја сакате, толку и се плашите. Очекувајте интензивна поддршка од вашата фамилија, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете она што сте, опуштете се и со својот шарм изборете се за позиција.

Јарец

Се чувствувате празно. Можеби овие денови сте завршиле важни ззадачи, па сте мислеле дека овој ден ќе биде многу среќен. Задоволството изостанува поради пад на андреналинот. За да го вратите, итно смислете нови цели.

Водолија

Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Вашиот партнер долго бил во сенка, ги трпеше вашите професионални залагања и проблемите кои доаѓаа со тоа. Време е тоа да му го надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му биде потребна вашата поддршка.

Риби

За да остварите некои цели, ќе мора нешто да жртвувате, а тоа може да биде врзано за вашиот љубовен живот. Мечтаете, полни со идеи па големи се шансите во намерите да успеете, но пробајте да не тргувате со емоциите.