четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Дурловски: Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење!

Дурловски: Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење!

Кандидатот за пратеник од изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурлевски заедно со кандидатката за пратеник од изборната единица 5, Гордана Силјановска-Давкова испратија силна порака за спојот на науката и уметноста. Тој порача дека токму тоа ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење.

„Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење !

Професорката Гордана Силјановска-Давкова е неприкосновен борец за правда, кој остро се спротистави на сите национални понижувања што ги доживеавме.

Ние делиме иста љубов, Македонија, и имаме иста цел, стабилна и просперитетна држава!

#Манастирец, онаму каде што се спојуваат ИЕ 1 и ИЕ 5“, напиша на својот фејсбук профил Дурловски.