вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Џејсон Кид за ефикасноста на Дончиќ: Не може да одигра 82 вакви натпревари

Џејсон Кид за ефикасноста на Дончиќ: Не може да одигра 82 вакви натпревари

Тренерот на Далас, Џејсон Кид, смета дека тимот треба да се обиде да го олесни товарот што паѓа врз Лука Дончиќ.

Сезонава Словенецот одигра 22 натпревари, поминувајќи рекордни 36:48 минути во просек. Неговите цифри се 33,4 поени, 8,5 скока, 8,5 асистенции и 1,8 украдени топки.

– Тој не може да одигра 82 такви натпревари. Никој не може. Премногу го користиме. Знаете, бараме од него да го води нападот, но бараме од него и да се брани. Премногу е. Стабилноста е важна работа што се обидуваме да ја создадеме. Имаме момци кои почнуваат да играат добро. Треба да разбереме како тие можат да помогнат. Поминува многу време на теренот. Се обидуваме да го задржиме подолго на клупата, но тој мора да се врати за да го одржи тимот во игра, изјави Кид.

Далас рано утрово го победи Денвер на гостински терен со 116:115. Дончиќ натпреварот го заврши со трипл-дабл 22 поена, 10 скокови и 12 асистенции за 37 минути поминати на теренот.