недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Агенцијата „Фич“ го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава во стабилен

Агенцијата „Фич“ го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава во стабилен

Агенцијата „Фич“ го ревидираше изгледот на кредитниот рејтинг на земјава од негативен во стабилен. Од агенцијата нотираат дека отпорноста на домашната економија кон влијанијата на глобалната пандемија и конфликтот во Украина, како и макроекономската стабилност која се одржува со кредибилна финансиска политика овозможија Македонија да добие кредитен рејтинг „ББ+“ со подобрен изглед од негативен во стабилен.

Во извештајот „Фич“ го истакнува намалувањето на буџетскиот дефицит на 4,5% од БДП во 2022 година од 5,4% во 2021 година како клучен фактор за стабилниот изглед.

Очекувањата на агенцијата се дека дефицитот дополнително ќе се намали при што во 2024 година ќе достигне 3,2% од БДП како резултат на намалување на мерките за енергетската криза, даночните прилагодувања, како и заживувањето на економијата.