сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

Андриќ: ИТ индустријата во Македонија е целосно изолирана и е на удар на прогресивното оданочување

Андриќ: ИТ индустријата во Македонија е целосно изолирана и е на удар на прогресивното оданочување

Денеска собранието го изгласа законот за прогресивно оданочување. Инаку, експертската јавност и бизнис заедницата постојно алармираа и ја критикуваа оваа реформа.

Имено, Маријана Андриќ претставник на стопанската комора на ИТ индустријата истакна дека ИТ индустријата во Македонија е целосно изолирана, избришана, никаде не е предвидена и е на удар на прогресивното оданочување.

„ Од сите начини на субвенционирања и мерки за економски раст ИКТ индустријата е целосно изолирана, избришана, не е никаде предвидена, дури ако зборуваме за Законот за данокот од добивка ослободување по основ на инвестиции во ИКТ индустријата инвестициите се знаењето на вработените, обучувањето кои што се сериозни ставки, а за ништо ИКТ индустријата не добива надомест назад“, кажа Андриќ.

Таа потенцираше примери од други држави како Романија каде има серија на мерки кои ја поттикнуваат ИТ индустријата која се повеќе се развива и со голем процент учествува во градење на Бруто домашниот производ (БДП).

„Анализиравме од ИКТ индустријата на пример од Романија каде што не само што нема прогресивно оданочување во ИКТ индустријата, туку напротив и целосно ослободени неколку години наназад. Тоа нешто што дозволило да се зголеми учеството на бруто домашниот производ во ИКТ индустријата за 100% за неколку години. Тоа е тоа што ИКТ индустријата го бара овде. Дајте на некој начин стимулирајте ја ИКТ индустријата“ – истакна Андриќ.

Андриќ истакна дека треба државата да го подигне стандардот на вработените и дека вработените во ИКТ индустријата не се богаташи само затоа што се подобро платени за разлика од другите дејности бидејќи конкурентската предност, односно дефицитарноста им го дозволува тоа.

Инаку со прогресивниот данок се опфаќа само 1 % од населението и тоа профил на работници во ИТ индустријата, во градежништвото, доктори, хирурзи и слично додека ефектот би бил околу 25 милиони евра во буџетот што според експертите се минорни средства за борба против нееднаквоста.