сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Бектеши во проверка на новите цени во маркетите, дали граѓаните ја чувствуваат „гарантираната цена“?

Бектеши во проверка на новите цени во маркетите, дали граѓаните ја чувствуваат „гарантираната цена“?

Мерката Гарантирана цена стапи на сила, но колку граѓаните го чувствуваат тоа?

Некои од нив велат, воопшто, некои ја поздравија мерката.

За да види колку трговците ја почитуваат мерката, министерот за економија, Крешник Бектеши излезе на терен при што посети еден од ланците маркети и уште еден друг маркет.

Рече дека е задоволен бидејќи трговците ја почитуваат владината одлука за намалување на цените од најмалку 10%. Рече дека од следната недела и цените на пијалаците ќе се намалат за најмалку 10%. Порача дека секоја нерегуларност ќе биде пријавена во ДПИ.

Менаџерка на еден од ланците маркети рече дека оваа мерка ќе ја намали заработувачката, но дека треба да се помират со актуелната ситуација.

Инаку директорот на ДПИ, Горан Трајковски најави дека доколку маркетите не ги почитуваат новите мерки, ќе заработат казна од 800 до 10 илјади евра казна, зависно од големината на субјектот. Трговците имаат обврска да постават посебна ознака со натпис Гарантирана цена на секој производ кој е вклучен во новата владина мерка.