четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Биткоин се враќа? Најпознатата криптовалута порасна над 20.000 долари, прв пат во повеќе од два месеци

Биткоин се враќа? Најпознатата криптовалута порасна над 20.000 долари, прв пат во повеќе од два месеци

По речиси половина година ниска вредноста, водечките криптовалути почнаа да добиваат на цена, а Биткоин надмина 20.000 долари.

Најголемата и најпозната криптовалута на светот, Биткоин, денеска порасна за 4,6 проценти на 20.853 долари, додавајќи 922 длари од своето претходно затворање, пренесува „SEEbiz“.

Криптовалутата порасна за 26,4 проценти во однос на годишната најниска вредност од 16.496 долари од 1-ви јануари.

Етер, криптовалутата поврзана со блокчејн мрежата Етериум, денеска порасна за 5,91 проценти на 1.536,9 долари, додавајќи 85,90 долари во однос на претходното затворање.

Расположението меѓу инвеститорите се поправа. Според Индексот на страв и алчност, специфична криптометрија која го мери расположението со помош на пет пондерирани извори, чувствата на вложувачите за пазарот достигнале највисоко месечно ниво.

Цената на Биткоин сега е над психолошкото важно ниво од 21.000 долари и многу аналитичари и трговци ги изнесуваат своите размислувања за тоа кога цената на Биткоин би можела да почне да расте повеќе.