И покрај доцнењето на финансиската помош на Владата за плати кон фирмите, а со тоа и исплатата на платата на работниците, УЈП преку Центарот за наплата за глоби изминатите денови до граѓаните достави приближно 14.000 решенија за присилна наплата (најголем број сообраќајни прекршоци изречени од страна на МВР за сторен сообраќаен прекршок, Мин за тран и врски и др државни органи)
Половина од нив или околижу 7000 добија блокирани трансакциски сметки, за износи од сума од приближно 3000 денари, со што уште еднаш УЈП удри по нај ранливата категорија на луѓе во Македонија.
Останатите, или приближно околу 7000 граѓани, добија решение за присилна наплата од плата, кај своите работавачи ( за казни од МВР, СУД, Мин за транспорт, во висина од 100 до 500 евра.
Со оваа рестриктривна мерка во празниот Буџет ќе се слејат повеќе од 2 милјони евра, пари од џебот на граѓаните.
Да е уште потрагично ,по основ на глоби изречени од МВР,МТВ и др држ органи се блокират неосновано голем број на граѓани -спротивно на чл.42 од Закон за прекршоци кој ја регулира застареноста на делото.