петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Данев: Политичката матрица на СДСМ е едно да ветува, но кога ќе дојде време да се исполни е нешто сосема друго

Данев: Политичката матрица на СДСМ е едно да ветува, но кога ќе дојде време да се исполни е нешто сосема друго

Очекував дека министерот ќе го одржи зборот и ќе биде присутен на сите дебати во однос на Буџетот и во комисиската расправа, и верувам и на пленарната седница. Но тоа е таа политичка матрица едно е да се ветува, но кога ќе дојде да се исполни нешто е сосема друго, појасни Драган Данев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Данев наведе дека ние сме на само една година и некаде 9-10 месеци од распишување на редовни парламентарни избори. Да не зборува за предвремени, ако имаат доблест да ги распишат овој период. Значи на само една година и еве 10 месеци од распишување на редовни парламентарни избори. Ова е 4-ти Буџет или ребаланс на Буџет, 2 Буџети и 2 ребаланси кои што ги креира, ги планира и ќе ги спроведува влада на СДСМ. И повеќе место за оправдување ви за ви претходни влади мислам дека не држат.

Знам, и знаете и вие но требаше ова да го знаете и кога доаѓавте на власт, кога и ветувавте на граѓаните дека е тешко да се остварат ветувањата, и дека граѓаните се тие кои одвојуваат од своите заработувачки го полнат Буџетот и навистина бараат од секоја власт, а зошто не и од вас проекти кои што ќе им го подобрат животот и животниот стандард. Трет ден еве од расправата за Буџетот и за 2019-та година, јас во главно ги слушнав сите битни и суштински тези и на владата, на министерот и на другите пратеници од опозицијата и на позицијата. И навистина може многу лесно да се види во кој правец оваа политичка гарнитура, оваа лева политичка гарнитура ја замислува и ја води економијата на Република Македонија, образложи Данев.