Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе одлучува за ноите цени на горивата.
Во петокот РКЕ одлучи да се изврши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,98%.
Дизелот поевтини на два денари. За исто толку се намали и цената на екстра лесното масло за домаќинство.
Цените на бензините и мазутот останаа непроменети.
Ова се актуелните цени на горивата:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,346 (денари/килограм)