среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Еуромакс: Прво да ја видиме одлуката, потоа ќе одлучиме што понатаму

Еуромакс: Прво да ја видиме одлуката, потоа ќе одлучиме што понатаму

Еуромакс Ресоурцес со особено внимание ја следи разврската за остварувањето на нашите права како инвеститор.

Во таа насока, ќе почекаме сите одлуки кои што се однесуваат на спојувањето на концесиите „Иловица 6“ и „Иловица 11“ за рудникот за бакар „Иловица – Штука“, да бидат јавно објавени со цел заедно со нашиот правен тим да направиме увид во аргументацијата врз основа на која истите се донесени.

По ова, Бордот на директори во консултација со правниот тим ќе одлучи какви идни чекори ќе преземеме за да ги заштитиме нашите права како инвеститори.