Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави нови цени на горивата кои ќе важат од полноќ.
Минатата недела цената на бензините и дизелот се зголеми за половина денар.
Во моментов цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 69,50 ден/лит, додека цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство остана иста.