четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Ивент индустријата на протест пред Влада: Нашите компании се пред колапс, секторот има пад на промет од 62%

Ивент индустријата на протест пред Влада: Нашите компании се пред колапс, секторот има пад на промет од 62%

Компаниите од индустријата за организација на настани денеска во 12 часот ќе протестираат пред Владата. Истакнуваат дека уште еднаш ќе ги образложат барањата.

– Ќе елаборираме зошто тоа што Владата деновиве го претставува како помош, ниту е помош ниту е планирано да бидат опфатени сите засегнати компании. Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од оваа индустрија.

Најавуваат дека протестот ќе се случува во континуитет, секој ден од 12 до 15 часот, сé до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение со Владата.