Долго најавуваниот четврт сет на антикризни мерки од страна на Владата никако да се реализира се со цел да се надмине економската криза предизвикана од КОВИД-19. За ова се жалат и големиот број на стопанственици на кои поради целата ситуација бизнисот им е донесен до знак прашалник.
Четвртиот пакет на мерки стапи во сила, но исплатата на парите ќе се изврши откако ќе се завршат сите процедури. Фирмите кои се погодени од кризата треба да поднесат барања за помош до Управата за јавни приходи.Проблемот е што парите се за месец октовмри, а веќе поминаа десетина дена од месец ноември.
За оваа проблематика се огласи и Гордана Димитриеска Кочоска која е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ која упати прашање до власта дали се води грижа за приватниот сектор?
-Дали навистина власта се грижи за приватниот сектор? На 06.11.2020 Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за финансиска поддршка. Наместо веднаш се објави во Службен весник, тие се влечат. Министерство за финансии не сака да го објави правилникот пред да види дека во Службен весник е објавен законот, а УЈП иако се подготвени не можат официјално да постапат без правилник.
Имено Кочоска во својот статус бара одговор дали барањето како документ е прикачен или не на сајтот на УЈП бидејќи денес е последниот ден за аплицирање на субвенции?
-Фирмите во меѓувреме тонат, нивните сметководители се закачени на сајтот на УЈП и на секои 5 минути проверуваат дали Барањето како документ е прикачено или не. Она што е најстрашно е фактот дека денес согласно Законот е последен ден за аплицирање за субвенциите. Се прашувам како ќе изгледа моментот кога Барањето ќе се прикачи и сите фирми ќе почнат да ја пуштаат платата. Дали вицепремиерот Фатмир Битиќи и Министерот за финансии Фатмир Бесими ги мачи истово прашање?-додава Димитриеска Кочоска.
Имено за потсетување четвртиот сет на антикризни мерки беше најавуван уште во предизборниот период од страна на Оливер Спасовски кој тогаш ја извршуваше функцијата технички премиер.
-Најавувам четврт сет на мерки и сите пензионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавиле на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платена картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел.
Повеќе од очигледно е дека оваа изјава на Спасовски служеше како потпкуп за изборите кои се одржаа во месец јули.