четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

ЌЕ ИМА ЛИ НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Цените на бензините над 80 денари, дизелот 74 – утре нова одлука

ЌЕ ИМА ЛИ НОВО ПОСКАПУВАЊЕ: Цените на бензините над 80 денари, дизелот 74 – утре нова одлука

Неколку недели по ред цените на нафтените деривати во Македонија бележат зголемување. Во моментов бензините се над 80 денари за литар, а цената на дизелот изнесува 74 денари.

Регулаторната комисија за енергетика утре повторно ќе одлучува за цените на горивата.

Дали ќе има ново поскапување ќе биде познато по донесување на одлуката.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 46,491 (денари/килограм)